Педро најави заминување од Челси

од Nikola Popovski

Крилниот напаѓач на Челси, Педро Родригез, потврди дека ќе го напушти клубот на крајот на сезоната. 32-годишниот Шпанец нема да брза да одлучи каде ќе ја продолжи кариерата се додека не помине епидемијата од коронавирус.

– Да, мојот договор истекува и ќе го напуштам Челси, но сега ова не е најважно затоа што не знаеме ниту кога ќе можеме да тренираме повторно. Најважно во моментот е сите да покажеме солидарност”, изјави Педро за „Кадена Сер”.

Тој потоа ја прокоментира тешката ситуација во Шпанија, која е една од најпогодените земји од вирусот.

– Многу ми е жал за вестите што доаѓаат од Шпанија. Уште еднаш, би сакал да им се заблагодарам на сите здравствени работници, полицајци и луѓето кои работат во продавниците – благодарам за сето она што го правите. Се надевам дека наскоро ќе го сопреме овој вирус, изјави поранешниот фудбалер на Барселона.

Слични содржини