Пехчево дел од листата на „ослободени“ градови од ковид 19

од Берта Китинска

За разлика од вчера каде што имавме само три нови случаи на ковид 19,  денеска се регистрирани 37 лица. Бројот на активни носител полека низ градовите се намалува. Денеска на листата без ниту еден заразен случај се најде и градот Пехчево.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.304, бројката на оздравени пациенти е 148.798, на починати е 5.423, а бројот на активни случаи изнесува 1.083.

Без активни случаи се градовите:

Демир Капија 396, Активни 0

Пехчево 268, Активни 0

Дојран 132, Активни 0

Додека пак најмалку активни има во:

Македонска Каменица 249, Активни 5

Македонски Брод 359, Активни 3

Пробиштип 789, Активни 3

Валандово 666, Активни 1

Богданци 494, Активни 2

Крушево 490, Активни 4

Демир Хисар 397, Активни 3

Берово 1029, Активни 2

Крива Паланка 1219, Активни 3

Делчево 971, Активни 9

Дебар 940, Активни 1

Слични содржини