Пејачка од Косово се обидела да прошверцува оружје во Албанија

од Nikola Popovski

Пејачката Фјола Морина, Албанка од Косово и Метохија, е приведена од албанската полиција на граничниот премин Морина под сомнение дека имала намера да прошверцува огнено оружје преку границата.

Во чантата на пејачката е пронајден пиштол со 23 куршуми, а при претрес на нејзиното возило и пиштол што личи на запалка, соопштила албанската гранична полиција.

„При извршената контрола на втората линија, во чантата на Ф.М. (34) жителка на Приштина, Косово, граничната полиција пронајде и заплени како доказен материјал огнено оружје тип „зораки“ со 23 куршуми. Додека во багажникот на возилото е пронајдена и запалка на изглед како пиштол“, стои во билтенот на полицијата.

Приведени се и сопатниците на пејачката Ф.М. (29) исто така од Косово и Метохија, и Ф.С. (29) од Белгија, јавија албанските медиуми.

Слични содржини