Пејачка откри дека била силувана од колега: Така ја изгубив невиноста

од Nikola Popovski

Англиската пејачка Софи Елис Бекстор тврди дека била силувана од 29-годишен музичар кога имала 17 години.

Иако му рекла дека не го сака тоа, пејачката вели дека сепак ја изгубила невиноста со него во неговиот стан. Инцидентот се случил пред 25 години, а таа сега зборува за тоа во својата нова книга, извадоци од кои пренесува „Дејли Мејл“.

Тоа се случило по концертот на кој настапил гитаристот, а Софи била во публиката. Наводно, музичарот ја прашал дали сака да оди во неговиот стан за да погледне некои од книгите што ги има.

„Следно на што се сеќавам е дека почнавме да се бакнуваме. Одеднаш бевме на неговиот кревет и ми ги соблече гаќичките. Знам дека му велев „ не“и „немој“, но и тоа не помогна“, се сеќава таа.

„Тој не ме слушаше. Имав однос со него. Ми беше срам. Така ја изгубив невиноста и се чувствував толку глупаво. Се сеќавам дека зјапав во неговите полици за книги и кога размислував како е сега готово и како треба да дозволам да се случи“, рече таа.

Таа вели дека се уверила дека тоа не е силување затоа што тој не и викал и не ја нападнал физички.

Софи признава дека досега го чувала тоа во тајност, поради што имала „самоубиствени нагони“.

„Моето искуство не беше насилно. Се што се случи таму беше дека тој не ме слушаше. Имаше уште две лица, едниот сакаше, другиот рече „не“ и сепак се случи. Не ме слушна кога имав 17 години, но мислам дека сега ќе ме слушне “, заклучи таа.

 

Слични содржини