Пејачката ја оконча врската со милијардерот

По Ванеса Хаџинс и Астон Батлер, уште еден познат пар ја прекина својата врска оваа година. Овој пат, како што пренесува Us Weekly, станува збор за Ријана и нејзиниот тајно момче, милијардерот Хасан Јамел.

Како што истакнува Harper’s Bazaar, парот бил во врска три години, а причината поради која прекинале се уште не е позната.

Иако парот никогаш не бил виден заедно на црвен тепих, папаразите повеќе пати ги уловиле на вечера, натревари и одмори.

Инаку, Ријана минатата година за Вог изјавила дека е во среќна врска и дека би сакала еден ден да има деца, но кога ја прашале дали планира да се венча, само се насмевнала и додала:
„Ма знаете како оди тоа – ние планираме, Бог се смее“.

Слични содржини