Пејачот не е џентлмен како што мисли публиката: Се појавија тајните од љубовната врска помеѓу Џастин Тимберлејк и Бритни Спирс!

од Nikola Popovski

Некогашната голема љубов помеѓу Џастин Тимберлејк и Бритни Спирс, по толку многу години, им се спротивставува на времето, барем на обожавателите кои споделуваат заеднички фотографии, евоцираат спомени и споделуваат мислења за нивната врска.

 

Новиот документарец фрла светлина на некои нови моменти од животот на Бритни, како и на нејзината врска со Тимберлејк и таткото на нејзините деца, Кевин Федерлајн. Филмот навлегува во длабочина и го открива односот на медиумите кон Бритни, мизогинијата како и негативните наративи што и штетиле низ годините.

 

Она што го привлече вниманието на многу гледачи на документарниот филм е Џастин Тимберлејк, кој бил обвинет за профит од љубовната врска со Бритни и за пласирање приказна дека причина за нивниот раскин е нејзиното неверство. Она што дополнително и наштети на Бритни и ја наруши нејзината репутација во јавноста е приказната дека таа не била девица кога почнале да се забавуваат. Тие се забавуваа 4 години и беа златна двојка на Холивуд во раните 2000-ти.

Корисниците на социјалните мрежи почнаа да го повикуваат Џастин да се извини за начинот на кој се однесувал кон неа и дека се извлекол од целата приказна како урбан, модерен млад човек, а Бритни била етикетирана како лоша личност.

Многумина велат дека тогаш кај неа започнало бавно попуштање со нервите, што довело до нервен слом во 2008 година, а подоцна и старателството од нејзиниот татко. Иронично, во документарниот филм тие двајца се нарекуваат најголемите негативци во нејзиниот живот.

Сите се согласуваат дека Бритни треба да добие извинување затоа што била изманипулирана и третирана како кукла, без емоции и хуманост. Папараците беспомошно ја бркаа, немала мир никаде, ја нарекувале погрдни имиња, за сè да заврши со нејзиното затворање и движењето „Ослободете ја Бритни“, за кое исто така се зборувало.

Бројни познати личности изразија поддршка за пејачката. Мајли Сајрус, Сара Џесика Паркер се само некои од славните жени кои проговорија.

Слични содржини