Пекер во нова видео порака, спомнува познанство со македонскиот премиер и лидерите на сите политички партии

од Берта Китинска

Турскиот криминалец, Седат Пекер, преку видеа објавени на  социјални мрежи се пресметува со турската држава која има распишано потерница по него.

Во едно од видеата, Пекер зборува за тоа дека бил пријател со македонскиот премиер Зоран Заев и со лидерите на сите политички партии во Македонија. Исто така, вели дека бил депортиран само затоа што визата за престој во Македонија му истекла.

Според информациите од билтен на МВР, Пекер бил протеран од Македонија на 19 јануари годинава, а според она што го презентираше ВМРО-ДПМНЕ на прес конференцијата за аферата „Мафија“, Пекер четири дена потоа се сликал за лична карта во полициска станица во Скопје по што добил македонски пасош со лажен идентитет на Џадин Амедовски од Чаир.

 

Слични содржини