Пекинг ги откажа новогодишните собири поради смртоносниот вирус

од Nikola Popovski

Кинескиот главен град во Пекинг ги откажа големите јавни настани, вклучително и два добро познати новогодишни саеми, бидејќи властите се обидуваат да го спречат ширењето на смртоносниот коронавирус, јавуваат државните медиуми.

Во исто време, Кинеските државни железници соопштија дека патниците ќе можат да добијат целосен поврат на парите за купените билети, почнувајќи од петок, пренесува Ројтерс.

Претходно беше објавено дека властите во кинескиот град Вухан најавија дека ќе ги затворат сите градски транспортни мрежи и ќе ги суспендираат сите летови од 10 часот по локално време, бидејќи е потврдено дека 17 лица починале како резултат на новиот коронавирус, а 571 се разболеле.

Слични содржини