Пекинг го надмина Њујорк на листата градови со најмногу милијардери

од Stefanija Kuzmanovska

За прв пат по седум години, Њујорк ја загуби титулата светски главен град на милијардери. Кинеските метрополи имаат најмногу милијардери.

Во 2020 година, Пекинг го надмина „Големото јаболко“, бидејќи доби 33 нови милијардери. Пекинг сега е на прво место, а „за влакно“ е пред Њујорк, бидејќи во него живеат точно 100 луѓе со богатство вредно милијарда долари или повеќе, додека во Њујорк има 99 такви.

Податоците доаѓаат од листата на „Форбс“, која покажува дека една четвртина од 2.755 исклучително богати живеат во само 10 градови во светот.

Исто така, дури 10 проценти од светските милијардери се наоѓаат во четири кинески метрополи. Покрај Пекинг, меѓу 10-те главни градови на милијардерите се наоѓаат и Шангај, Шенжен и Хангжу, а на списокот е и Хонг Конг, специјален административен регион на Кина, кој е на високо трето место со 80 милијардери.

Сепак, и покрај тоа што Њујорк е на второ место, вкупното богатство на неговите милијардери е 560,5 милијарди долари, што е повеќе од „богатите“ на Пекинг (484,3 милијарди долари).

Најбогатиот жител на кинеската престолнина, со нето богатство од 35,6 милијарди долари, е Жанг Џиминг, додека Мајкл Блумберг е најбогатиот жител на Њујорк, со богатство од 59 милијарди долари.

Слични содржини