Пекинг: Одлучно ќе го заштитиме националниот суверенитет

од Stefanija Kuzmanovska

Кинеските власти ќе ги преземат сите достапни контрамерки како одговор на посетата на претседателката на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси на Тајван, објави денеска портпаролката на кинеското министерство за надворешни работи, Хуа Чунјинг.

„Пелоси го посети Тајван и покрај постојаните протести на Кина. Кина ќе ги преземе сите неопходни контрамерки за одлучно да го заштити својот национален суверенитет и територијален интегритет“, рече Хуа на прес-конференција, пренесува ТАСС.

Посетата на Пелоси на Тајпеј „сериозно ги поткопува мирот и стабилноста во Тајванскиот теснец“ и треба да се третира „како сигнал за поддршка на тајванските сепаратисти“, додаде портпаролката на кинеското министерство за надворешни работи.

Слични содржини