Пекинг тврди дека брод на американската морнарица илегално влегол во кинеските води

од Stefanija Kuzmanovska
189 прегледи

Кинеската војска денеска објави дека брод на американската морнарица илегално влегол во кинеските територијални води во близина на Вториот гребен Томас, спорниот атол во Јужното Кинеско Море, кој неодамна беше место на неколку поморски инциденти.

„САД сериозно го нарушија регионалниот мир и стабилност“, се вели во соопштението на портпаролот на јужниот сектор на Кина, додавајќи дека САД упаднале во Јужното Кинеско Море и го нарушиле суверенитетот на Кина, пренесува „Ројтерс“.

Кина се расправа со неколку соседни земји за одредени делови од поморските области во Јужното Кинеско Море.

Слични содржини