Пекол од корона и ќотек: Жените во пандемија трпат повеќе насилство

од Vladimir Zorba

За време на пандемијата на коронавирус во Словенија, бројот на случаи на насилство врз жени се зголеми, а за време на првиот бран беа пријавени во полиција 177 случаи на насилство, што е за дури 20 проценти повеќе отколку во истиот период минатата година.

Најчестата форма на насилство на која биле изложени жените е физичкото насилство, но исто така и психолошко и економско, или комбинација од овие три вида насилство, а сторителите се најчесто сегашни или поранешни партнери, пренесе „Тв Словенија“

Како што се наведува, помошта за загрозените жени е дадена од одредени невладини организации, кои објавија дека за време на првиот бран, бројот на жртви на насилство во нивните програми се зголемил за две третини.

Се додава дека и самите жртви велат дека насилството било присутно и претходно, но дека ескалирало за време на првиот бран.

loading...

Слични содржини