Пеколен локдаун во Шангај: Кој нема да покаже негативен тест не може да добие храна

од Nikola Popovski

Шангај, град со 26 милиони жители, се бори рамномерно да ги распредели основните прехранбени производи за жителите кои со денови се во карантин поради нови случаи на коронавирус. Во јавноста се објавени пораки од затворените жители, кои се жалат дека нивната испорака на храна ќе биде блокирана доколку не покажат негативен тест за коронавирус. Некои повозрасни жители воопшто не можат да добијат храна бидејќи не знаат да раководат со модерни технологии, а повеќето жители не ни очекувале дека ќе бидат затворени, па не се ни снабдиле со храна и други потреби.

Соседите се пријавуваат еден со друг

„ВиЧет“, кинеска апликација за разменувње пораки, стана суштинска алатка за опстанок на жителите на Шангај. Преку оваа апликација, заклучените жители разменуваат искуства од своите населени места, набавуваат храна и лекови, но и ја испуштаат фрустрацијата од моменталната состојба, за која не се знае уште колку време може да потрае.

Има се повеќе приказни дека соседите меѓусебно се пријавуваат кај властите доколку некој е позитивен на тест за коронавирус. Така, една жена го обвинила соседот дека лажно ја пријавил.

Така што не е невообичаено позитивните резултати од тестовите за коронавирус да бидат објавени на „ВиЧет“. На една Американка и било кажано дека ќе биде испратена во центар за карантин, кога добила позитивен резултат, што довело до паника.

Се наведува дека постарите станари почесто се плашат од коронавирусот, па бараат позитивните станари што поскоро да се отстранат од градот. Така се појави приказната дека управителот на зграда сакал да ја блокира испораката на храна за едно семејство, доколку не ги објават резултатите од тестовите за корона. Уште неколку жители на Шангај се пожалиле на ваквиот третман, посочувајќи дека тоа ја нарушува нивната приватност.

Се додава дека нема јасни насоки како да се постапува и дека центрите за карантин се преоптоварени. Исто така, на некои жители не им било дозволено да се вратат во своите домови по излегувањето од карантин. Имало и ситуации кога жителите на Шангај се судриле со полицијата поради одлуката на владата да ги претвори нивните домови во карантински установи во кои ќе престојуваат заболени со коронавирус.

На видеото кое е споделено преку „ВиЧет“ се гледа како жителите се судираат со триесетина полицајци во заштитна униформа, додека ги молат да им дозволат да останат во нивните изнајмени станови. Судирот избувна минатата недела откако полицијата одлучи да пренамени девет станбени згради во комплексот во објекти за привремена изолација, објави Фајненшл тајмс.

Слични содржини