Пеле: Нема подобри од Бразилците, ние сме фаворити на Светското првенство

од Vladimir Zorba

Кралот на фудбалот – Пеле, го прогласи својот Бразил како најголем фаворит на Светското првенство следното лето во Русија.

Тој е светски шампион трипати, но е познат дека е „камен“ во предвидувањата.

„Бразил е секогаш фаворит кога станува збор за Светското првенство“, рече тој, цитиран од ФИФА.

„На последните неколку светски првенства, како да немавме доволно време за да се подготвиме добро. Повеќето бразилски играчи се натпреваруваат во Европа. Го знаете добро тоа. Во оваа ситуација задачата на тренерскиот персонал да направи здрав тим е сериозно комплицирана“, смета Бразилецот.

„Сепак, не се сомневам дека Бразилците се уште се најдобри индивидуалци на планетата. Бразил секогаш е мој фаворит“, додаде Пеле.

Слични содржини