Пеле се уште е на интензивна нега

од Vladimir Zorba

Легендарниот бразилски фудбалер Пеле се уште е на интензивна нега во болницата во Сао Паоло, каде се опоравува од операција на тумор на дебелото црево.

Доцна синоќа, болницата „Алберт Ајнштајн“ во Сао Паоло објави дека 80-годишниот Едсон Арантес до Насименто Пеле се опоравува „на задоволителен начин“, иако се уште е на интензивна нега.

Болницата во понеделникот објави дека очекува Пеле да биде префрлен во регуларна соба во вторник.

Самиот Пеле претходно напиша на својот профил на Инстаграм дека се чувствува подобро секој ден.

Туморот е откриен кога Пеле отишол на рутински прегледи кон крајот на август. Болницата потоа во соопштението наведе дека туморот е идентификуван за време на рутински кардиоваскуларни и лабораториски прегледи.

Пеле освои три Светски првенства – 1958, 1962 и 1970 година – и е најдобар стрелец на Бразил со 77 голови на 92 натпревари.

Слични содржини