Пеле заврши во болница – се бори со ракот

од Vladimir Zorba

ЛЕГЕНДАРНИОТ бразилски фудбалер Пеле е хоспитализиран во Сао Паоло, објави на Инстаграм неговата ќерка Кели Насименто. Пеле, кој неодамна наполни 82 години, се бори со ракот и беше пренесен во болница откако состојбата му се влоши, но неговата ќерка објави дека нема драма.

„Имаше голема врева бидејќи татко ми повторно е во болница. Доби мал оток, па заврши на преглед и ќе добие нова терапија. Се е во ред, нема криза и не се очекува дополнително влошување на состојбата“, напиша ќерката на Пеле на Инстаграм.

На бразилската легенда му беше отстранет туморот на дебелото црево во септември минатата година и оттогаш редовно е во болница на прегледи.

Бразилскиот ESPN претходно објави дека лекарите не се задоволни од резултатите од хемотерапијата и внимателно ја следат неговата состојба,

Слични содржини