Пелоси: Гласањето по пошта е неопходно за здравјето на граѓаните

од Vladimir Zorba

Претседателот на Претставничкиот дом на Конгресот во САД, Ненси Пелоси изјави дека е од големо значење за граѓаните на САД да гласаат на претстојните претседателски избори по пошта.

Членката на Демократската партија и спикер на Долниот дом изјави дека таков начин на гласање е најбезбедна опција и дека нема да има измама за време на гласањето, како што изјави претседателот Трамп.

Пелоси одговори на Трамп, споменувајќи дека членовите на неговото најблиско семејство биле најжестоките застапници за гласање по пошта на почетокот на годината, конкретно на изборите во Калифорнија. Пелоси додаде дека овој начин на гласање не влијае на ниту една страна, но дека суштината е граѓаните на САД да бидат безбедни.

„Луѓето не смеат да избираат меѓу гласање и здравје“, заклучи Пелоси.

Претседателот Трамп предупреди дека резултатите од ваквото гласање доцнат и дека е загрозена регуларноста на изборите.

Слични содржини