Пелоси го напушти Тајван – Кина: Ќе преземеме контрамерки како одговор на посетата

од Stefanija Kuzmanovska

Претседателката на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси, го напушти Тајван по еднодневната посета која наиде на жестоки реакции од Кина.

Пред заминувањето, Ненси Пелоси разговараше со активистите на состанок зад затворени врати во Националниот музеј за човекови права.

Претходно таа имаше средба со претседателката на Тајван, Цаи Инг-вен, и се обрати пред Парламентот на Тајван.

Пелоси вчера пристигна во Тајван и покрај протестите од Пекинг. Тоа е прва посета на американски функционер од ваков ранг на Тајван во последните 25 години.

Кина постојано предупредуваше дека посетата, доколку се случи, нема да помине без последици и дека ќе одговори со остри мерки.

Кинеските власти ќе ги преземат сите достапни контрамерки како одговор на посетата на Ненси Пелоси на Тајван, изјави портпаролката на кинеското Министерство за надворешни работи, Хуа Чунјинг.

Слични содржини