ПЕЛОСИ ПРЕДУПРЕДУВА: Казни од 10.000 долари за конгресмените ако избегнат претрес при влегувањето во Претставничкиот дом

од Nikola Popovski

Спикерката на Претставничкиот дом, Ненси Пелоси, рече дека сака да изрече казни до 10 000 американски долари за пратениците кои одбиваат да поминат низ скенерот на оружје на влезот во Домот, поради немирите што се случија на 6 јануари кога приврзаниците на Трамп упаднаа во Конгресот.

Детекторите за метал беа поставени на влезот во Домот во вторникот вечерта кога конгресмените дискутираа за отповикувањето на Трамп поради упадот во Капитол, по што загинаа пет лица.

Забележано е дека неколку републиканци заобиколуваат детектори за метал, додека други се жалат зошто биле инсталирани, објави Ројтерс.

Пелоси најави дека кога Демократското мнозинство ќе се врати во Домот по 21 јануари, тие ќе изгласаат задолжителни казни за конгресмени кои не сакаат да ги следат правилата – 5000 американски долари за првиот прекршок и 10 000 американски долари за вториот, а таа сума ќе им биде одземена од платата.

Слични содржини