Пендаров: На сите ни дојде Мицкоски преку глава со неговото „имам мнозинство“

од Nikola Popovski

Политичкиот аналитичар, Тодор Пендаров смета дека премиерот Зоран Заев има голема храброст.

„Тој ја носи и таа итрост која е карактеристична за ваква политичка култура во нашата земја. Го искористи своето право преку Деловникот и вчера си изгласа доверба во Владата. Мислам дека Мицкоски им дојде на сите преку глава со тоа дека го има мнозинството и на крајот излегоа од салата пратениците од опозицијата и не гласаа. Според мене и тоа е итрост, за да не се види колку пратеници има опозицијата во моментов“, вели Пендаров, за емисијата „Само вистина“, кој потенцира дека Мицкоски бил лош политичар.

Слични содржини