Пендаровски – Ахмети: Сите политички фактори да се насочат кон помирување и обединување околу стратешките цели

од Vladimir Zorba

Шефот на државата Стево Пендаровски на денешната средба со лидерот на Демократска унија за интеграција Али Ахмети укажал на потребата во периодот што претстои сите политички чинители да имаат одговорен пристап и да ги насочат своите капацитети кон исполнување на реформската агенда, а со цел отпочнување на пристапните преговори за членство со Европската Унија.

Двајцата соговорници, како што соопшти кабинетот на Пендаровски, размениле мислења за актуелните случувања во Република Северна Македонија.

На средбата претседателот Пендаровски порачал дека Република Северна Македонија е исправена пред историска шанса да се потврди како партнер и рамноправен дел од најзначајните сојузи во светот – Европската унија и НАТО. Тоа, според Пендаровски, е единствениот пат кој води кон стабилност и просперитет на државата и на регионот. Оттаму, како што посочил тој, потребно е сите политички фактори во Република Северна Македонија да се насочат кон помирување и обединување околу стратешките цели на земјата.

На средбата Ахмети упатил честитки до Пендаровски по повод стапувањето на функцијата и му посакал успех во работата.

Слични содржини