Пендаровски: Благодарност до Србија, но сликите од викендов беа срам за нас

од Nikola Popovski

„Државата не смее да дозволи ниту еден наш граѓанин да не биде примен на болничко лекување. Од министерот Филипче добивме уверување дека такво нешто не се случило, ниту ќе се случи“, изјави претседателот Стево Пендаровски, после денешниот Совет за безбедност.

Тој побарал од надлежните вакцинацијата да се изврши во најдобар ред и дека не смее да има прекини во тој процес.

„Мнозинството граѓани не се задоволни од тоа што на тој план го направивме досега. Такви слики какви што имаше викендов од Србија не смеат да се повторат. Голема благодарност до Србија, но тоа беше срам за нас“, потенцира Пендаровски.

Слични содржини