Пендаровски: Бројката од 10 илјади убиени Бугари е лага

од Берта Китинска

Постојат потврдени историски факти и извори кои не ги спори ниту бугарската историја дека Ванчо Михајлво бил сорабоник на Хителр. Во 1944 година по негова дирекна инструкција доаѓа во Скопје да воспостави независна македонска држава и од кога не добива поддршка од наслението репортира назад до неговиот шеф во Берлин дека тоа не е возможно, и само тоа е доволно да го прави фашист, кажа претседателот Стево Пендаровски.

-Не постои ниту еден релевантен историски извор кој ќе потврди дека постоеле концентрациони логори во Македонија каде биле убиени 10 илјади Бугари.На територијата на Македонија никогаш немало концентрациони логори бројката од 10 илјади убиени Бугари е лага практично гола конструкција за политички цели, вели Пендаровски.

Бугарскиот претседател Румен Радев изјави дека десетици илјади Бугари се убиени во концентрационите логори во Македонија.

-Ако зборуваме за фашизам, треба да биде јасно дека Иван Михајлов е човекот кој одбил Хитлер да ја внесе Македонија во братоубиствена војна со Бугарија. Не Иван Михајлов, туку други луѓе по воспоставувањето на југословенската диктатура во Македонија, убиле и испитувале десетици илјади во концентрационите логори затоа што решиле да продолжат да се нарекуваат Бугари, а не Македонци, додаде Радев.

Слични содржини