Пендаровски: Бугарија го спори, нашиот идентитет, нацијата и јазикот, до 1944 не биле Македонски

од Берта Китинска

Знаеме дека деблокадата кон ЕУ зависи од една држава. Џабе моите разговори со европските лидери. Јас мислам дека сите ние изминатите месеци велевме само што не сме почнале. Блокадата од Бугарија е тука. Се креира, само што не е формално ставена, вели претседателот Стево Пендаровски во гостувањето во ТВ21.

-Бугарија има претседателски и парламентарни избори, и по претпоставка Радев да го добие вториот мандат, и би завршиле парламентарните избори. До 14 декември е последниит совет на ЕУ.Според роковите во бугарскиот Устав, до 14 декември Бугарија сигурно ќе нема влада. Големо прашање ќе биде дали ќе има и парламент. И се враќам на прашањето на Радев кога одевме во Ватикан. Тој вели дека можеме да разговараме за било што од овие прашања, но тој е функционлна институција, и дека има службена влада, но тоа е техничка влада која нема легитимитет, а парламент нема, изјави Пендаровски.

Пендаровски коментираше и за барањето на Бугарите. Во последно време се споменува и вметнување во Уставот, што според Пендаровски, нема да се реши проблемот.

„И да се решиме да го отвориме Уставот, нема да се реши проблемот. Секое отвореање на Уставот секогаш е пандорина кутија. И да решиме, не е тоа проблемот. Бугарија го спори, до скоро нашиот идентитет, нацијата и јазикот. До 1944 не биле Македонски, и тоа го знаеме. Тоа е јадрото на бугатското барање.Сега видоа дека таа реторика околу историјата на Балканот, кој бил и што бил пред Втора светска после Прва светска војна, не поминува. Не постои лидер кој не ме прашал за бугарското барање. Јас почнувам да зборувам за Гоце Делчев и за историското ВМРО… и тие ми велат дека не знаат што зборувам. И тоа барање сакаш да го продадеш на некој Германец, и тоа не оди. Затоа во последните месец, два, три се менува реториката и се зборува за дискриминација на Бугарите. Тоа е легитимна тема, но затоа што на почетокот не го зборувавме. Тоа можевме да го решиме. Никој не смее да биде дискриминиран по таа основа, но зошто до сега не го зборувавме?“, прашува Пендаровски.

Слични содржини