Пендаровски: Честитки до армијата и до сите кочанчани што се справуваа со огнената стихија

од Nikola Popovski

Им честитам на припадниците на армијата, на противпожарните единици од Кочани и сите институции кои синоќа во Кочани се справуваа со огнената стихија, објави претседателот Стево Пендаровски на својот Фејсбук профил.

Според него, кочанчани активно се вклучија во гасењето и во помагањето на единиците на терен и помогнаа да се избегне далеку пострашно сценарио.

-Во наредниот период ќе се следи интензивно состојбата со цел да се превенираат идни пожари. Армијата согласно со вчерашната наредба за прогласување тревога на целокупниот состав останува подготвена да интервенира било каде на територија на државата, информира Пендаровски.

Слични содржини