Пендаровски: Ги разочаравме луѓето од Шарената револуција, треба да преземеме одговорност

од Берта Китинска

Бев носител на пратеничка листа во првата изборна единица и зборував цело време дека нема правда нема мир, и тоа беше главниот слоган на таа Шарена револуција. Но, ние ги разочаравме тие луѓе и треба да ја преземеме одговорноста, рече синоќа во емисијата на ТВ21 претседателот Стево Пендаровски.

„За жал, тие луѓе, посебно тие шарени револуционери, пред сè, граѓани кои немаат чиста партиска афирмација, ние ги разочаравме. Јас не бегам од тоа. Мотивите се многубројни, секој од нас треба да ја земе одговорноста, да се погледнеме во очи, да каже ’Не испорачавме правда‘, вели Пендаровски.

Тој посочи дека на оваа тема разговарал и со министерот за правда Бојан Маричиќ и со вицепремиерот за антикорупција Љупчо Николовски, кој деновиве го промовираше планот за борба против корупцијата.

„Им велам дека во изминатите 30 години има супер инфлација од документи, но ни треба практична имплементација. Не сме на ова дереџе затоа што немаме добри закони, туку затоа што законот за некого важи, за некого воопшто не важи“ ,рече Пендаровски.

Слични содржини