Пендаровски го осуди нападот на членот на „Цар Борис Трети“

од Nikola Popovski

Претседателот Стево Пендаровски го осуди синоќешниот напад на секретарот на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“.

-Го осудувам нападот врз секретарот на клубот на бугарската заедница во Охрид, Христијан Пендиков. Ги повикувам надлежните институции да спроведат брза и темелна истрага, со соодветна одговорност и санкции за сторителите, стои во реакцијата на Пендаровски.

Претседателот на Бугарија Румен Радев исто така најостро го осуди инцидентот, додавајќи дека станува збор за „систематско кршење на правата на Бугарите во Република Северна Македонија и влевање омраза“.

Попладнево Пендиков со авион „Спартан“ ќе биде евакуиран и пренесен на лекување во Софија, соопштија бугарските медиуми.

Слични содржини