Пендаровски: Хеликоптерите немаат техничка можност да летаат во ноќни услови

од Nikola Popovski

Претседателот Стево Пендаровски информираше вечерва дека хеликоптерите на армијата немаат техничка можност да летаат во ноќни услови.

-Ова е единствената причина заради која во гаснење на пожарите ќе се вклучат во раните утрински часови, стои во објавата на Пендаровски околу ситуацијата со пожарот во градот Кочани.

Претходно тој извести дека наредбата како Врховен командант за ангажман на армијата со целосен капацитет ја објавил во 16:30 минути.

-Одобрена е и употреба на воздухопловите, кои денеска веќе интервенираа во Старо Нагоричане, а утре наутро одат на помош во Кочани. Во текот на ноќта ќе се следи состојбата на терени ќе се ангажираат дополнителни сили, како и средства за справување со состојбите и помош на населението насекаде каде што има потреба, информира Пендаровски.

Слични содржини