Пендаровски и Заев изразија сочувство за семејството и блиските чии деца загинаа во експлозијата во Романовце

од Nikola Popovski

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски изрази сочувство до семејството чии деца загинаа денеска во експлозијата на плинска боца во кумановското село Романовце.

„Сочувство за семејството и блиските за несреќата во кумановското село Романовце во која животот го изгубија три деца, а уште шест лица се повредени. Загубата е ненадоместлива, се надевам повредените, на кои во моментов им се пружа медицинска помош, ќе бидат добро“, напиша тој на својот Фејсбук профил.

Истото го стори и претседателот на СДСМ, Зоран Заев.

„Изразувам длабоко сочувство за трагичното губење детски животи денес во Романовце. Искрено се надевам дека трагедијата нема да биде поголема и дека сите седум тешко повредени ќе закрепнат набргу. Поддршка и почит до дежурните екипи за навремената реакција и тимот во Клиничкиот центар кој се грижи за повредените“, напиша Заев на фејсбук.

 

Слични содржини