Пендаровски: Има подобрување во правосудството, но многу далеку сме од она што значи европски стандард

од Vladimir Zorba

Претседателот Стево Пендаровски во интервју за порталот МКД.мк во однос на реформите во правосудството и оти досега нема судска разрешница за големите корупциски случаи, вели дека состојбата во нашето правосудство денес е неспоредливо подобра во смисла на политичко мешање и менаџирање на сензитивни случаи и помалку сензитивни, во однос на она што го имавме до 2016 година.

– Што нема сега, а имаше порано и каде јас го гледам напредокот? Нема ниту еден индикатор дека луѓе политичари диктирале судски пресуди, како што имаше случаи по телефон од лустрација на судија до политички пресуди. Нема доказ дека некој нарачува по телефон судска пресуда, нема политички затвореници како што беше случајот на Љубе Бошковски, нема новинар во затвор што е штелуван да влезе во затвор од политички причини како Кежаровски. Тоа е неоспорно подобрување, далеку сме од 2011, 2012, 2015, но во исто време многу далеку сме од она што значи европски стандард, истакнува претседателот.

Во однос на тоа дека актуелната политичка структура најмалку испорача или најмногу потфрли во сферата на правосудството, Пендаровски оценува дека тоа е работа на подлабока анализа.

– Мене ми се чини дека инсталациите на претходниот режим беа толку длабоки, толку интензивно влезени во сите пори на дотогашниот правосуден систем што времето беше прекратко. Тоа е еден дел од образложението. Вториот дел, објективно владата на Заев 90 отсто од времето му се посвети на решавањето на проблемот со Грција и со Бугарија за да исчекориме од изолација и да фатиме чекор кон Европа. Не е оправдување, но не можам да видам трето, оценува претседателот.

Слични содржини