Пендаровски: Јас сум претпазлив реалист, многу пати се изгоревме чекајќи Софија да ја дигне блокадата

од Nikola Popovski

Во однос на најавите за нов пристап од страна на бугарските власти во однос на спорот со Македонија, претседателот Стево Пендаровки сепак е претпазлив.

-Не би требало да се бавиме со изјави кои доаѓаат од луѓе кои во тој момент се кандидари на избори. Тоа се луѓе кои се уште немаат целосен политички легитимитет или се кандидати кои трееба допрва да станат членови на власта. Јас сум претпазлив реалист. Толкму многу пати се изгоревме, чекајќи од Софија да се дигна блокадата, па затоа би почекал за да видиме со кого ќе разговараме во понатамошниот период, изјави Пендаровски на новинарско прашање, на заедничката прес-конференција со полскиот претседател Анджеј Дуда во претседателската вила на „Водно“.

Слични содржини