Пендаровски: Јас сум првиот кој кажа дека не смееме да бидеме последни кои ќе ја примат вакцината

од Берта Китинска

Вечерва на ТВ Клан, во Клан Дебата гостуваше претседателот Стево Пендаровски кој објасни дека не треба да дозволиме поселдни да се вакцинираме.

-Јас сум првиот кој кажа дека не смееме да бидеме последни кои ќе ја примат вакцината против Ковид 19. Во Србија има претставништво Фајзер и затоа вакцинацијата тече. За жал Западниот Балкан е исклучок од вакцинацијата. Ние бевме практично заборавени пред се од големите фармацевтски компании, на кои им е битен профитот. Во нашите преговори со Фајзер и АстраЗеника прво прашање кое беше поставено од нивна страна  е колкав број на жители сме и дека сега во моментов нивен интерес се големите пазари. Ние не сме единствените каде не е започната вакцинацијата Боса, Албанија, Црна Гора, вели Пендаровски.

Слични содржини