Пендаровски: Кај нас не постои категорија македонски Бугари, Софија зборува токму за тоа

од Nikola Popovski

Софија би сакала Бугарите да не бидат спомнати само во преамбулата, туку во целиот нормативен дел на Уставот. Тоа не е возможно. Како прво, во преамбулата се кажува како е настаната државата и од што се состои. Во нормативниот дел ниту Албанците не се спомнати. Ги има со срамната формулација 20%, но со име и презиме никој не е спомнат. Зошто би биле исклучок само за Бугарите во нормативниот дел? Со бројката од пописот се помалку од Србија, Власите, Бошњаците и Ромите. Нив им е важно е да влезат во Уставот затоа што тие зборуваат за македонски Бугари, а не за Бугари. Таква категорија кај нас не постои, истакна претседателот Стево Пендаровски.

Пендаровски дава пример и вели: „и да пробаме да ги внесеме Бугарите во преамбулата, да видиме како тоа би изгледало“:

-Кај нас во преамбулата вели македонски народ и делови од албански, турски итн. Што би личело да биде и делови од македонско-бугарскиот народ? Јасна е намерата. Сакаат да се вратат на старата и срамна теза дека овде под 1945 година е направена системската бугаризација. Имаше небулоза дека над 50.000 луѓе биле затворени и десетици илјади убиени. Македонија има 25.000 загинати во Втора светска војна. Софија тврди дека ние сме убиле повеќе Бугари после 1945 година, што е геноцид од невидени размери, а ниту една историја го нема регистрирано, дециден е Пендаровски во гостувањето на емисијата „24 анализа“.

Слични содржини