Пендаровски ќе се сретне со Макрон на мировниот форум

од Aleksandar Todeski

Претседателот Стево Пендаровски, кој од вчера е во посета на Париз, каде учествуваше на вечера за шефови на држави организирана од францускиот претседател во пресрет на Парискиот мировен форум кој се одржува денеска и утре, ќе има обраќање пред учесниците на мировниот форум, а како што истакнуваат од неговиот кабинет, ќе се осврне на регионалната безбедност.

Парискиот мировен форумот има за цел да отвори дебата за големите глобални безбедносни предизвици со експерти, професори, претставници на граѓанското општество и на меѓународните организации, министри и шефови на држави и влади.

Учесници меѓу другите се и српскиот претседател, Александар Вучиќ, германскиот министер за надворешни, Хајко Мас, шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, но и Александар Сорос, синот на Џорџ Сорос.

На маргините на Парискиот форум, Пендаровски ќе оствари билатерална средба со Емануел Макрон, како и со австриската канцеларка Бригит Биерлејн, генералниот секретар на Обединетите Нации, Антонио Гутереш и со рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров.

Билатералната средба со Макрон доаѓа неколку недели по француското „не“ за старт на преговорите со Северна Македонија поради неговото барање пред ново проширување, Европската Унија да се реформира.

Слични содржини