Пендаровски-Кундурос: Со заеднички ангажман ќе придонесеме за уште поголемо продлабочување на билатералните односи

од Берта Китинска

Со Преспанскиот договор, покажавме како треба да се решаваат отворените прашања помеѓу две соседни држави и го трасиравме патот кон унапредување на соработката преку почит и партнерски однос, објави претседателот Стево Пендаровски после средбата со новиот грчкиот амбасадор Русос Кундурос.

-Уверен сум дека со заеднички ангажман со новиот грчки амбасадор, Русос Кундурос ќе придонесеме за уште поголемо продлабочување на билатералните односи меѓу С.Македонија и Грција.Сметаме и на поддршката од Грција на нашиот пат кон ЕУ. Покрај успех во извршувањето на оваа одговорна функција, на амбасадорот Кундурос му се заблагодарив и за поканата од грчката претседателка за прва официјална посета на Атина, напиша Пендаровски на својот Фејсбук.

Слични содржини