Пендаровски: Лустрацијата требаше да биде укината уште во првите сто дена на оваа влада

од Aleksandar Todeski

Една од првите работи требаше да биде укинување на тој налудничав Закон кој го донесе Никола Груевски, вели претседателот Стево Пендаровски за Законот за лустрација во интервју на МРТ. Според него, клучните кодоши никогаш не биле опфатени, но затоа имало лустрирани лица кои никогаш не биле кодоши.

„Тој Закон требаше да биде укинат уште во првите сто дена на оваа влада. Јас единствено што замерувам е тоа дека укинувањето не се случи уште во 2017 година“, истакна Пендаровски.

Според него, блокирањето на Законот за одбрана е предизборно, бидејќи сите останати институции го промениле називот со придавката Северна во името.

Пендаровски вели дека власта прави многу повеќе од било која влада претходно за намалување на загадувањето, но во исто време ги оправдува и притисоците на невладините организации да се направи уште повеќе за да се намали истото.

 

Слични содржини