Пендаровски: Можни се нови избори само под еден услов

од Nikola Popovski

На прашањето дали ако никој не обезбеди мнозинство за формирање влада, е можно да се оди на нови избори, претседателот на државава, Стево Пендаровски изјави дека единствен начин за тоа да се случи е ако Собранието се самораспушти со најмалку 61 глас.

„Слушам шпекулации во јавноста: само на еден начин во државава, според Уставот, се оди на нови избори, а тоа е со 61 глас на пратеник со што се самораспушта Собранието. Имаше повици од некои експерти, да не кажам и квази експерти – немој да му даваш на вториот, третиот, ако првиот не направи мнозинство, одиме на нови избори. Во ред. Но, имаме ли 61 рака да се самораспушти парламентот? Ако Мицкоски има намера да доаѓа во една таква претпоставена ситуација, тогаш мора да обезбеди 61 глас да го распушти парламентот. Нема друг начин“, соопшти Пендаровски.

Слични содржини