Пендаровски: На 25 јануари ќе се одржи првата заедничка меѓувладина седница и формирање на 5 работни групи

од Берта Китинска

Бугарскиот премиер Петков има намера на 25-ти овој месец да се одржи првата заедничка меѓувладина седница во Софија. Таму формално да се формираат 5 работни групи. Поточно потребни се 4-5 недели за конечниот резултат. Нивната заложба е сето тоа да се заврши до крајот на Јуни, тоа е нивниот провизорен рок. Инаку новата методологија е 5 комисии. Дефакто нема 5+1 комисија, изјави претседателот Стево Пендаровски во емисијата 24 анализа.

Потоа додаде дека тоа е откако пропаднал португалскиот договор. Со новата бугарска влада се менува комисијата, а ние се согласуваме, тоа е адакта и не се подудараат освен со историската комисија.

Слични содржини