Пендаровски: На гола билатерала не можеме да ги добиеме Бугарите, потребен е трет човек од Европа

од Nikola Popovski

Претседателот Стево Пендаровски смета дека е потребно да има посредување од надворешен фактор во спорот меѓу С. Македонија и Бугарија.

-Се повеќе ми укажува дека е подобро на маса да имате трет човек од Европа, отколку строго билатерално. Јас на Радев уште пред две години кога одевме за Ватикан му кажав зошто ние преговараме само билатерално? Нека дојде Германец, Французин и во Комисија за историчари, со заедничка согласност, нека дојде австриски историчар. или британски историчар. Радев ми вели нема потреба – ние најдобро си ги знаеме проблемите и историјата и не ни треба трет. Секогаш кога има трет човек, оние што се помали, а ние во случајов, со помош на третиот човек ако е од калибарот на Нимиц, во тој случај асиметријата меѓу двете држави се намалува. Само на гола билатерала не можеме да ги добиеме, не поради тоа што имаат подобри аргументи, туку затоа што тие се внатре, а ние сме надвор, вели Пендаровски во емисијата „24 анализа“.

Слични содржини