Пендаровски на средба со Фон дер Лејен: Преговорите со ЕУ дополнително ќе го интензивира реформскиот процес

од Nikola Popovski

Претседателот Стево Пендаровски денеска ја прими претседателката на Европската Комисија, Урсула Фон дер Лејен која престојува во посета на Република Северна Македонија.

Претседателот Пендаровски изрази благодарност за оваа посета и за личниот ангажман на претседателката на Европската Комисија и посветеноста кон земјите од Западен Балкан.

Соговорниците разменија мислења и информации за најновите случувања поврзани со нашата европска интеграција и констатираа дека отпочнување на пристапни преговори на Северна Македонија со Европската Унија дополнително ќе го интензивира реформскиот процес и ќе овозможи економски и социјален напредок.

Претседателот Пендаровски ја нагласи важноста на поддршката од Европската Комисија во контекст на европската солидарност за вклучување на регионот во сите иницијативи предводени од Европската Унија, како и за ублажување на последиците од пандемијата на Ковид-19.

Соговорниците разговараа и за актуелните случувања во регионот како и за економско-инвестицискиот план на Европската Унија за земјите од Западен Балкан.

Слични содржини