Пендаровски на средба со ОМО „Илинден“: „Почнува нова фаза во дијалогот со Бугарија“

од Берта Китинска

Претседателот Стево Пендаровски денеска прими претставници на ОМО „Илинден” и претставници на неколку други здруженија на граѓани од Република Бугарија.

Претставниците на здруженијата го информираа претседателот Пендаровски за нивната работа и активности во областа на човековите права, промовирање на толеранција и градење на граѓанско општество.Во однос на дијалогот со Бугарија, претседателот Пендаровски оцени дека почнува нова фаза, а двете страни искажуваат волја во насока на напредок на процесот. Претседателот смета дека е значајно секоја политичка институција во двете држави да даде свој придонес за решавање на отворените прашања. На средбата Пендаровски информираше дека наскоро ќе оствари официјална посета на Бугарија, каде ќе има разговори со претседателот Румен Радев, соопштија од кабинетот на Пендаровски.

Оттаму додаваа дека преседателот истакнал дека Република Северна Македонија е насочена кон развивање на добрососедски и пријателски односи со Република Бугарија, во духот на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу двете држави од 2017 година.

Слични содржини