Пендаровски на ТВ дуелот: Мојот мултуетнички концепт кој води кон ЕУ и НАТО е нашата иднина, не нивната изолација и враќање кон темното минато

од desk4

На ТВ дуелот на МРТ 1 вечерва Пендаровски рече дека неговиот концепт е поддржан од повеќето граѓани затоа што е концепт кој води кон НАТО и ЕУ, кон напредок и сигурна иднина. Пендаровски посочи дека концепт на другата страна нуди враќање назад, изолација. Затоа, во вториот круг очекивам повеќе гласови, рече тој.
-Концептот кој го понудив јас граѓаните добро го знаат. Во вториот круг очекувам многу поевеќе гласови од граѓаните.

Прво од гласачите на господинот Блерим Река бидејќи помеѓу нас постои сличност и допирни точки во концептот кој го понудивме.

Второ од оние кои останаа дома и не гласаа, не гласаа поради тоа што не се задоволни од спроведеното досега и јас се согласувам дека сите треба да работиме заедно за подобрување на перформансите, но и продолжување по вистинскиот пат.

Бидејќи нашите политички концепти се дијаметрално различни, како црно и бело, бидејќи нашиот концепт значи напредок, ЕУ и НАТО, нивниот концепт значи изолација и враќање во темното минато.

Изборот е заробена или слободна држава“ рече Пендаровски.

Слични содржини