Пендаровски: Не би сакал да има ваков модел на техничка влада пред избори

од Viktor Jovanov

Јас не би сакал да има ваков модел на техничка влада пред парламентарни избори, но недовербата помеѓу политичките партии прави да мора да се оди со ваква влада. Од сите лоши модели, овој за нас е најдобар. Институциите се партизирани, најдобриот начин да се намали јазот и да има меѓусебна доверба е техничката влада.

-Не гледам засега отворен став кон промена на овој модел на техничка влада пред избори. Нивото на недоверба помеѓу политичлите субјекти е многу поголемо отколку просечното ниво помеѓу граѓаните кои се партиски определени, вели Пендаровски.

Тој додава дека на ниту еден начин не смее да има лоши парламентарни избори од причина што во истиот момент државата ќе ја изгуби европската перспектива.

-Држава која не може да направи европски избори, нема што да бара таму. Ќе не контролираат на секој чекор, вели Пендаровски.

Слични содржини