Пендаровски: Не чувствувам должност кон СДСМ и ДУИ, доколку не работат за доброто на граѓаните, немаат моја поддршка

од Viktor Jovanov

Не чувствувам должност кон СДСМ и ДУИ. Доколку не работат за доброто на граѓаните нема да имаат моја поддршка. Уште кога ме номинираа знаеја каков човек сум, дека ќе се држам до законите и Уставот и дека не планирам да си играм со правна држава, изјави претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски.

Во однос на предвремените парламентарни избори, Пендаровски вели дека во неговиот кабинет лидерите на партиите го договориле датумот да биде 12 април, но не и датумот за распуштање на Собранието. Тој смета дека не е прекршен ниту еден закон или постапка со тоа што Собранието беше распуштено неколку дена подоцна.

-Само изборите беа договорени за 12 април, не и датумот за распуштање на Собранието. Најважно беше да се даде време ДИК да ги организира изборите, и тој период е испочитуван. Разговарав во меѓувреме со партиите и сите се согласивме дека не е добро да се одложува датумот 12 април за избори. Остава впечаток на несериозна држава, вели Пендаровски.

Претседателот на државата додава дека по изборите, кој ќе дојде во неговиот кабинет со гаранција дека ќе има мнозинство од 61 пратнеик ќе го добие мандатот во рок од 10 дена.

Слични содржини