Пендаровски не гледа проблем во посетата на рускиот митрополит се додека е во рамки на црковната дипломатија

од Nikola Popovski

Претседателот Стево Пендаровски не гледа проблем во тоа што претседателот на Одделот за надворешни црковни односи на Московската патријаршија митрополитот Волоколамски Антониј, пристигна во Северна Македонија во работна посета на Македонската православна црква-Охридска архиепископија, со благослов на патријархот Московски и на цела Русија Кирил.

-Посетата до моментов помина во таа црковна дипломатија. Руската црква ја призна МПЦ и се додека се движи во тие рамки немам проблем и не мислам дека ја руши државата. Ако црковната дипломатија за која неспорно знаеме дека ја користи Путин како една од своите алакти за да ја оправда војната во Украина и за ѕверствата што ги прави таму, тогаш јас тоа не би го поддржал, но до моментов средбите беа само во рамките на црквата и се зборуваше за црковсни прашања, рече денеска Пендаровски.

Според соопштението, митрополитот Волоколамски Антониј на неговото блаженство архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан му ги пренел поздравите и топлите желби на патријархот Кирил, уште еднаш честитајќи му на Поглаварот на МПЦ-ОА за доделувањето на канонската автокефалност.

Слични содржини