Пендаровски: Не може Бугарија од позиција на членка на ЕУ да наметнува услови или диктат како да се чита историјата

од Nikola Popovski

„Истиот човек, истата политичка структура во Софија, која го потпиша Договорот и кои велеа дека тој е добар договор, сега практично со последната серија политички барања кон нас, директно излегуваат од параметрите на тој договор“, изјави претседателот Стево Пендаровски во интервју за австриската ORF TV во кое зборува за ветото од Бугарија.

Според него, никаде во Договорот од 2017 нема ниту една единствена буква, а не член или преамбула или каков било дел кој зборува дека ние треба да дебатираме во рамки на тие билатерални разговори за етничкото потекло на нас Македонците, односно дали јазикот на кој сега јас зборувам со вас е македонски или не е.

Тој наведува дека Бугарите во своите барања во последните месеци сосема легитимно сака да ги заштити правата на граѓаните кои се декларираат како Бугари, а живеат во Македонија, меѓутоа одречуваат и нашето право тоа да го побараме за оние кои се дефинираат себеси како Македонци, а живеат во Бугарија.

„Не можете вие од позиција на членка на ЕУ да наметнете услови, да не кажам диктат од време на време и да кажете ако сакате да влезете ние ќе ви наметнеме што треба да стои во Договорот или ние ќе ви наметнеме наше читање на историјата“, изјави Пендаровски во интервјуто.

Слични содржини