Пендаровски: Не се 70.000, туку само неколку илјади граѓани без државјанство, но сепак тоа е срамота за државата

од Nikola Popovski

„Не се работи за 70.000 граѓани без државјанство, туку се неколку илјади“, изјави претседателот Стево Пендаровски во интервју за Клан ТВ.

Според него, тој не сака подетално да зборува за оваа тема, бидејќи би било прејудицирање, затоа што сега е претседател.

„Тој предлог на одредени политичари требаше да биде земен со сериозност и да се разговара за овие неколку илјади. Без разлика дали се 10 илјади или 10 лица, доколку е вистина дека 30 години, некои луѓе живеат без државјанство, тогаш тоа е срамота за државата“, вели Пендаровски.

Слични содржини