Пендаровски: Не сме способни сами да го решиме проблемот во правосудството, потребна ни е странска помош

од Viktor Jovanov

Минимум 80 отсто од Законот за Јавно обвинителство беше направен од странските експерти. Јадрото на законот е да не се остави правна празнина помеѓу СЈО и редовното обвинителство. Во однос на разговорите, меѓународниот суд вели дека доколку разговорот е од јавен интерес, директно може да биде доказ. Но, со овој закон „бомбите“ ќе бидат индиции. Но на крајот на краишатата добро е што го имаме тој закон, подобро отколку да го немаме, вели Пендаровски.

Во однос на досегашните процеси започнати од Специјалното јавно обвинителство, претседателот Пендаровски вели дека очигледно малку се 3 години за да дојде правдата во Македонија. Но сепка за разлика од пред 3 години, според него, сега е далеку послободно, граѓаните се чувствуваат слободни но и покрај тоа, сепак се уште сме далеку од европскиот просек.

-Мој став е дека проблемот е во 10-15 судии, не во сите, има и чесни. Конкретно денеска случајот „змиско око“. 14 години трае, некои од обвинетите се починати. Не е човечки долку долго да се чека правдата. За решавање на проблемот со правосудството, ја сум склон кон тоа да побараме странска помош. Мора да има доминантен дел од странски фактор, членки на Европската унија. Не треба да ни е срам да побараме помош ако не сме способни, а за ова не сме, вели Пендаровски.

Слични содржини