Пендаровски нема да стави потпис на Изборниот законик поради прагот од 2% потребни потписи

од Nikola Popovski

Претседателот Стево Пендаровски денес најави дека нема да го потпише Изборниот законик, доколку не се промена измените за прагот од 2 проценти потребни потписи за независните кандидати да можат да учествуваат на локалните избори.

„Нема логика јас како претседател и највисок орган во државата да се кандидирам со 10.000 потписи, а толку да треба и за советници во Град Скопје. Препораката на ОБСЕ/ОДИХР е до едет отсто. Не може изборите да се распишат на 6 август, а два дена пред тоа да се носат измените”, рече Пендаровски денес на прес-конференција.

Откако во јавноста како „бомба“ излезе веста дека независните кандидати треба да соберат илјадници потписи за да влезат во локалната изборна трка, вчера „големите“ политички партии се повлекуваат.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, остро ја нападна власта, говорејќи дека предлогот од 2% бил на СДСМ.

Мицкоски на прес конференција рече дека македонскта јавност треба да знае дека добро препораката на ОБСЕ-ОДИХР е минимум еден процент.

-Два процента е поради барањето на владејачките партии. Но, ние изразуваме целосно разбирање за помалите партии и за ВМРО-ДПМНЕ прифатливо е секое решение што власта, заедно со нивните помали коалициони партнери, ќе го договорат. ВМРО-ДПМНЕ има принципиелен став дека препораките на ОБСЕ-ОДИХР треба да бидат дел од Изборниот законик и тука немаме дилеми. ВМРО-ДПМНЕ беше подготвена да ги прифати овие препораки уште во март годинава, но заради маневрите, доцниме со прифаќање на овие измени. ВМРО-ДПМНЕ ги разбира препораките од ОБСЕ-ОДИХР во насока на зголемување на квалитетот на избирачкиот процес, рече Мицкоски.

И министерот за правда Бојан Маричиќ од редовите на СДСМ уште вчера дигна „рачна“. На брифинг со новинарите кажа дека предлогот на работната група на ресорното министерство бил еден отсто, но дека во политичката дискусија се лицитирало и со 3, па дури и со 5 отсто, за на крај компромисот да биде два отсто.

Слични содржини