Пендаровски: Нема место за антисемитизмот во нашето глобално општество

од Aleksandar Petrovski

Пораката од лидерскиот форум во Ерусалим е јасна – нема место за антисемитизмот во нашето глобално општество. Холокаустот ни покажа колку ужасна може да биде нашата историја, но и последиците од нерешителноста и рамнодушноста на другите, а тие имаа висока цена – беа убиени околу 6 милиони Евреи, меѓу кои и 98% од македонските Евреи.

Имаме одговорност да ги зачуваме сеќавањата на преживеаните и да ги образуваме генерациите коишто доаѓаат по нас. Особено зошто и ден денес Еврејската заедница во Северна Македонија има огромен придонес во градењето на нашето мултиетничко, мулти религиско и мултијазично општество. Мораме да се бориме против антисемитизмот, расизмот и ксенофобијата секаде и секогаш кога ќе се појават, напиша на својот Фејсбук профил, претседателот Стево Пендаровски, кој денеска е во Ерусалим каде присуствуваше на форумот „Сеќавање на Холокаустот и борба против антисемитизмот“.

Слични содржини